⚐ с. Ижиште, Кичево   ✉ mlekara2008@yahoo.com
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

За нас

 
 
 
 
 
 

MЛЕКАРА МАВРОВО

 
Млекара „Маврово“ е основана во 2004 година, и од првиот ден на деловно работење до денес имаме јасна цел - да произведуваме висококвалитетни, свежи и вкусни млечни производи.

Наша желба и наш фокус е да ја стекнуваме довербата на нашите клиенти секој ден и сите кои ќе ги вкусат нашите производи да го почувствуваат уникатниот начин на производство на сирење, урда, кашкавал.

Нашата компанија претставува сплет на традицијата и современоста - компанија која расте и се развива заедно со новите трендови, а во исто време останува верна на своите основни принципи за квалитет.
 
 
 
 
 

Поради растечката побарувачка за нашите производи, новата фабрика за преработка е изградена во 2008 година. Опфаќа површина од 6000 м2, а самиот објект има корисна површина од 1300 м2 со можност за понатамошно проширување од 200 м2. Областа е оградена и има асфалтиран пристапен пат и патеки.

 
 
 
 
 
 

МАШИНИ ЗА ОБРАБОТКА

 
Циклусот на производство е целосно заокружен и има капацитет од 24000л млеко на ден во две смени. Машинеријата е релативно нова и е инсталирана во 2008 година.

На располагање ја имаме следната машинерија:
  • Мерна станица за млеко
  • Пастеризатор „Алфа Лавал“ капацитет 12000л / ч
  • Хомогенизатор

Лакто-замрзнувачи:
  1. Еден капацитет од 175000л во фабриката за преработка на млечни производи
  2. Девет лакто-замрзнувачи 500-1000л капацитет поставени на места за собирање млеко
  3. Три изолирани резервоари за млеко Inox

  • Свои возила за собирање и откуп на млеко
  • 3 свои откупни пункта со сопствени лакто-замрзнувачи
  • Целосна линија за производство на сирење
  • Комплетна линија за тврдо сирење - производство на „кашкавал“
  • Линија за производство на урда
  • Седум сада за сирење

Транспортот на млеко помеѓу машините се реализира со INOX цевки и парен котел со капацитет од 450 KW или 600 kg пареа на час.

Производството е поделено на два спрата:
  • Првиот спрат е наменет за прозводство на сирење и има капацитет од 1200 литри млеко
  • Вториот спрат е наменет за прозводство на кашкавал и има капацитет од 12000 литри млеко

Имаме и дел за пакување и шест комори за созревање на сирење и одржување на производи.